Манчестер Сити веднаш најде замена за повредениот Гвардиол

Незгоден беше натпреварот против Челси за Манчестер Сити. Покрај без два бода во финишот, „граѓаните“ останаа на долго време и без Јошко Гвардиол. Хрватот се повреди и мораше предвреме да го напушти натпреварот.

Меѓутоа Пеп Гвардиола не чекаше, и веќе денеска му донесе замена за Хрватот. Станува збор за фудбалерот Макс Алејне. Тој практично е фудбалер на Манчестер Сити, но игра како позајмен во Ватфорд, и веднаш ќе биде повикан назад во Сити.

Алејне (20) има настапи за помладите селекции на Англија, а сега Пеп во него гледа идеална замена за повредениот стопер. Се чини дека Сити нема да купува нови фудбалери во одбраната, и покрај тоа што Рубен Диас исто така го напушти теренот предвреме.

Се вчитува...