Манчестер Јунајтед во офанзива по Серхио Регилон

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед сака на „Олд Трафорд“ да го доведе левиот бек на Севилја, Серхио Регилон. Тој е всушност фудбалер на Реал Мадрид кој е отстапен во редовите на победникот на Лигата на Европа, а менаџерот на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер би сакал да го доведе во Манчестер Јунајтед. Смета дека тој би бил одлично решение за левата бековска позиција заедно со Лук Шо.

Реал Мадрид не ја отрфла можноста за продажба на Регилон, а неговата вредност се движи околу 30 милиони евра. Севилја исто така е заинтересирана да го има левиот бек и следната сезона, но многу повеќе би сакала тој уште една сезона да мине на позајмица. Од тие причини, Манчестер Јунајтед има пол – позиција за ангажман на Серхио Регилон, за кој постои интерес и од калчолигашот Наполи.

Се вчитува...