Манчестер Јунајтед во паника поради Бруно Фернандеш

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, би можел да биде надвор од терените неколку недели откако се повреди на вчерашниот натпревар од Премиер лигата против Астон Вила.

Тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека Фернандес претрпел повреда на „мекото ткиво“ во првото полувреме од натпреварот на Вила Парк. Астон Вила победи со 2:1.

„Мислам дека е меко ткиво, па ќе треба време. Ќе видиме… Мислам дека ќе пропушти неколку натпревари, но не сум сигурен. Не сакам да зборувам за тоа, тој е човек кој е секогаш во форма и покажа дека секогаш може да се опорави “, рече Аморим.

Фернандес играше до полувремето, но беше заменет од Лисандро Мартинез на почетокот на второто полувреме.

Се вчитува...