Манчестер јунајтед во Шпнија ја пронајде замената на Мегваер

Дефанзивецот на Виљареал, Пау Торес е новата голема трансфер желба на Манчестер Јунајтед. Торес се етаблираше во еден од најперспективните дефанзивци во Европа и го провлече вниманието на многу европски гиганти.

Шпанецот минатото лето се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид и Челси, но одлучи на крај да остане во Виљареал.

Сега во трката за неговиот потпис се вклучи Манчестер јунајтед, кој покажува најсилен интерес и веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Торес покажа одлични партии и во Лигата на шампиони, а „црвените ѓаволи“ веруваат дека би бил идеален партнер на Рафаел Варан. Торес се очекува да го замени капитенот на Јунајтед, кој игра во крајно лоша форма, па веќе се наоѓа на излезна врата од тимот на Мачестер.

Виљареал за неговата слобода бара 50 милиони евра, но Манчестер Јунајтед ќе мора да ја победи големата конкуренција.

Се вчитува...