Манчестер Јунајтед заборави да победува

Резултатската криза на Манчестер Јунајтед уште повеќе се продлабочи откако „црвените ѓаволи“ не успеаја да слават ниту на денешниот домашен дуел со Саутемптон (1-1). Ова беше трет дуел што избраниците на Ралф Рангник го завршија со ист резултат, по елиминацијата од Мидлсброу од ФА Купот (на крајот загубија на пенали) и ремито со Барнли.

Кристијано Роналдо шест натпревари во серија не постигна погодок, а Португалецот најубавата шанса ја имаше на самиот почеток, кога го мина и голманот Форстер, но гостинските дефанзивци ја запреа топката пред таа да ја мине гол-линијата.

„Ѓаволите“ ја крунисаа подобрата игра со водечкиот гол на Санчо на асистенцијата на Рашфорд, но Саутемптон израмни на самиот почеток од второто полувреме преку Че Адамс. Гостите имаа одлична можност и за целосен пресврт, но Броја од идална ситуација не успеа да го совлада Де Хеа.

Јунајтед најубавата шанса за победа ја пропушти во судиското продолжение, кога Мегваер шутираше прецизно со глава во долниот агол, но гостинскиот голман одлично одбрани.

Се вчитува...