Фудбалерите на Манчестер јунатед продолжуваат со лошите игри сезонава, и денеска ремизираа на „Иланд Роуд“ против Лидс играјќи 1:1.
Последниот триумф во Премиер лигата, „црвените ѓаволи“ го остварија на 30-ти август кога беше совладан Ипсич со 5:2, а оттогаш имаат четири ремија и еден пораз.
Лошите резултати во турнаа Манчестер Јунајтед во долниот дел од табелата, екипата е 13-та со само седум освоени бодови по седум кола. Лидс пак е седми со 10 бодови.
Натпреварот на „Иланд Роуд“ одлично започна за Манчестер Јунајтед бидејќи Брајан Мбеумо во 35-та минута погоди за 0:1. Голот на Мбеумо може да го видите ТУКА.
Но, на стартот од вториот дел, Доминик Калверт-Луин го израмни резултатот откако најдобро се снајде во мешаницата пред голот на Јунајтед. Голот може да го видите на следниот ЛИНК.
Брајтон е најпријатно изненадување на стартот од сезоната, по седум кола се наоѓа на второто место на табелата со 16 бодови, а последна жртва е Кристал Палас кој е декласиран со 5:0.
Alternative angle of Diego Gomez (Great Goal) against Crystal Palace
by
u/Imaginary-Reading-63 in
soccer
На овој натпревар е постигнат најубавиот гол од стартот на сезонава и беше дело на Диего Гомез во седмата минута. Играчот на Брајтон постигна гол со шут од центар.
Борнмут со 2:0 го совлада Сандерленд и избега од опасната зона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
