Манчестер јунатед и Евертон се наддаваат за фудбалер на Челси

Преодниот рок во Англија е во самиот финиш, а Манчестер јунајтед се уште трага по засилувања. На Жозе Мурињо му треба засилување на задната линија. Се поизвесно е дека пропаѓаат трансферите на Џером Боатенг и на Јери Мина, па „црвените ѓаволи“ во последен момент бараат решение во 23-годишниот француски фудбалер Курт Зума.

Французинот е фудбалер на Челси, но не успеа да се наметне во првиот тим на „сините“, па минатата сезона ја мина на позајмица во Стоук. Сега, Мурињо верува дека токму Зума може да помогне да ја консолидира задната линија.

Но, во реализацијата на овој трансфер, сметките на Мурињо му ги измеша Евертон. Според француските медиуми, Евертон исто така испратил понуда за 23-годишниот Зума.

На Португалецот, сепак, му оди во прилог тоа што тој подобро го познава Зума бидејќи работеше со него додека беше тренер на Челси.

Преодниот рок во Англија истекува денеска во 18 часот.

Се вчитува...