Манчестер сити е гол-машинерија, Ливерпул пак се „лизна“

Манчестер сити делува застрашувачки по репрезентативната пауза откако на трите средби во последните десетина дена „граѓаните“ постигнаа дури 16 погодоци. По петте гола на дербито со Ливерпул и четирите погодоци во Ротердам против Феенорд во ЛШ, тимот на Пеп Гвардиола пукна нова „петарда“, овојпат среде Лондон декласирајќи го Ватфорд со 0-6. Тимот на Ватфорд беше без пораз во пресрет на овој меч, но тоа само уште повеќе ги мотивираше „граѓаните“ максимално сериозно да влезат во натпреварот и да го демолираат противникот. Серхио Агуеро ја најави победата со два гола во првиот дел, по што меѓу стрелците се запишаа и Хесус, Отаменди и повторно Агуеро, кој на десетина минути до крајот го комплетираше својот хет-трик. Конечните 0-6 од пенал ги постави Стерлинг.

Барнли приреди уште една сензација на гостувањата, па по триумфот над Челси и ремито со Тотенхем оваа екипа денеска одигра 1-1 на „Енфилд“ против Ливерпул. Салах веднаш израмни откако гостите неочекувано при дојдоа во водство, но потоа Ливерпул и покрај бројните шанси не успеа да дојде до цел плен. Најубавата можност на пет минути до крајот ја пропушти Соланке, кој од три метри пред празен гол ја погоди гредата.

Резултати Англија: 

Кристал палас – Саутемптон 0-1, Хадерсфилд – Лестер 1-1, Њукасл – Стоук 2-1, Ливерпул – Барнли 1-1, Ватфорд – Манчестер сити 0-6, ВБА – Вест хем 0-0.

by Super-ByAll Goals & Highlights HD – Liverpool 1-1… by shandifagundes

Се вчитува...