Манчестер Сити е прв фаворит за освојување на ЛШ, Реал го нема ни во Топ 5!

Пеп Гвардиола и Мачестер Сити имаат најголеми шанси да го освојат победничкиот пехар во Лигата на шампионите, според проценките на обложувалниците.

Според коефициентите, мали се шансите на Реал Мадрид да стигне до четврта шампионска титула по ред. Коефициентот дека фудбалерите на мадридскиот клуб одново ќе го подигнат шампионскиот пехар е 11 што Реал Мадрид не го става ни во првите пет фаворити.

Проценките дека Пеп Гвардиола прв пат во историјата ќе го онесе Манчестер Сити на европскиот трон се многу големи или според обложувалниците, коефициентот за шампионска титула на Ситу е 4,5.

Во кругот на најголемите фаворити за титулата во ЛШ се Барселона со коефициент 6 и Јувентус како трет фаворит со коефициент 7. Обложувалниците не му даваат преголеми шанси ни на ПСЖ кој има коефициент 8,5, а на ланскиот финалист Ливерпул дури 10. Баерн Минхен и актуелниот шампион Реал Мадрид имаат коефициент 11 и не се во Топ 5 фаворити за титулата.

Такви се проценките по завршувањето на групната фаза во ЛШ. Многу работи ќе бидат појасни по ждрепката со која на 17 декември во Нион ќе бидат одредени осминафиналните двојки во ЛШ.

Се вчитува...