Манчестер Сити и Гвардиола купија шпански прволигаш

Дебитантот во шпанската Примера, малиот каталонски клуб Џирона стана дел од Манчестер сити. Иницијатори и реализатори на ова се Пеп Гвардиола и неговиот брат Пер, кој е и негов менаџер.

„Сити фудбал груп“ која покрај Манчестер сити, поседува и филијали во Мелбурн и во Њујорк ќе стане сопственик на 44 % од акциите на Џирона бидејќи законски не смеат да бидат мнозински сопственик.

girona-joins-cfg

Но, секогаш може да се искористат „дупките“ во законот, па така и во овој случај. Исто така 44 % од француските сопственици на клубот ќе купи Пер Гвардиола, а останатите 12 % ќе бидат во сопственост на малцинските акционери, на навивачите и на малите бизниси од градот.

Така, Џирона, практично ќе стане филијала на Манчестер сити. Интересно е дека претседател на овој мал шпански клуб е Делфи Хели, поранешен дефанзивец на Атлетико Мадрид од генерацијата која во 1996 година ја освои двојната круна во Шпанија.

Џирона е дебитант во Примера, а новата сезона ја отвори со големо реми против Атлетико со 2-2.

Се вчитува...