Манчестер Сити испиша историја во ЛШ, само четири балкански тимови во големото финале

Во вчерашната победа на ПСЖ во полуфиналето од Лигата на Шампионите, Мачестер Сити стана 42. финалист во елитното натпреварување, со што ја продолжи годишната низа на нови финалисти по Тотенхем во 2019 и ПСЖ во 2020 година.

Интересно е што во досегашните 66. изданија на најдоброто фудбалско натпреварување само четири тима од Балканот се нашле во финалето на натпреварувањето. Прв кому му успеал тоа е Партизан во 1966 година, а по него тоа се Панатинаикос во 1977 година, Стеауа во 1986 и гламурозното финале на Црвена Звезда во 1991 година кога „црвено-белите“ станаа европски прваци.

Англија е предводникот на листата по број на тимови кои го нашле своето место во финалето на првенството со девет различни тимови (Арсенал, Астон Вила, Чесли, Лидс Јунајтед, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Нотингам Форест, Тотенхем), додека по нив следат Германија (Баерн Леверкузен, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Борусија Менхенгладбах, Ајтрахт Франкфурт и Хамбург), и Италија (Милан, Фиорентина, Интер, Јувентус, Рома и Сампдорија) со по шест клубови.

Еден клуб помалку има Франција (Марсеј, Монако, Рем, Сент-Етијен, ПСЖ), четири тима доаѓаат од Шпанија (Атлетико Мадрид, Барселона, Реал Мадрид и Валенсија), три се од Холандија (Ајакс, Фејнорд и ПСВ), два од Португлаија (Бенфика и Порто) и Србија (Партизан и Црвена Звезда) и по еден од Беглија (Клуб Бриж), Грција (Панатинаикос), Романија (Стеауа), Шкотска (Селтик) и Шведска (Малмо).

Денеска од 21 часот ќе биде одлучен и вториот патник во овогодишното финалето во кое доколку слави Челси, тоа ќе биде осмо финале помеѓу тимови од иста држава.

Се вчитува...