Манчестер Сити ќе биде уште посилен: Гвардиола во офанзива по Ашраф Хакими

Манчестер Сити ја освои тројната круна, но „граѓаните“ не планираат да застанат тука, туку сакаат да направат уште посилен тим за наредната натпреварувачка сезона. За таа цел, Гвардиола инсистира на доведување на нов десен бек во тимот, а на врвот на листата со желби се наоѓа Ашраф Хакими од ПСЖ.

Мароканецот имаше сериозни проблеми во вториот дел од сезоната, најпрвин со повреди, а потоа и со два црвени картони за нецел месец, со што го навлече врз себе бесот на управата. „Светците“ најпрвин ќе именуваат нов тренер, па во консултации со него ќе донесат одлука за иднината на Хакими, но француските медиуми тврдат дека десниот бек ќе може да си замине ако пристигне богата понуда за неговите услуги.

Во меѓувреме, британските медиуми најавуваат дека Манчестер Сити е подготвен да плати 60 милиони евра за да ја исполни желбата на Пеп Гвардиола, носејќи му одличен офанзивен за наредната сезона. „Граѓаните“ дефинитивно ќе го продадат Кансело, за кого веќе нема иднина во клубот, додека искусниот Кајл Вокер се наоѓа многу блиску до трансфер во Баерн Минхен вреден 18 милиони евра. Од овие две продажби Сити ќе собере буџет за да го доведе Хакими на „Етихад“.

Се вчитува...