Манчестер Сити, Ливерпул и Челси поставија рекорд на Премиер-лигата

Израмнувачкиот гол на Рос Баркли за 2-2 во шестата и последна минута од екстра времето на дербито на Челси со Манчестер Јунајтед, а потоа и триумфите на Манчестер Сити и на Ливерпул донесоа историско постигнување во  Премиер-лигата. Првпат се случува три тима да останат непоразени по девет кола во најсилната англиска конкуренција.

Претходно се случувало три тима да имаат комбинирани серии без пораз, но тие завршувале токму во деветтото коло.

Во сезоната 1978/79 Ливерпул, Евертон и Нотингем Форест беа во серија се до деветтото коло, а истото се случи и 12 години подоцна кога токму во деветтото коло завршија сериите без пораз на Арсенал, Тотенхем и на Кристал Палас.

Историјата вели дека во овие две сезони, шампинскиот пехар го освојувала некоја од овие екипи. Во 1978/79 титулата отиде кај Ливерпул, а во сезоната 1990/91 кај Арсенал.

 

 

 

Се вчитува...