Манчестер сити: Нема операција, но Де Бруин ќе паузира три месеци

Манчестер сити потврди денеска дека тимот нема да може да смета на услугите на Кевин Де Бруин во следните три месеци.

Од канцеларијата на „граѓаните“ информираа дека нивниот фудбалер нема да мора да биде подложен на хируршка интервенција по повредата на коленото, но ќе мора да паузира три месеци.

„Добра вест околу повредата на коленото на Де Бруин е што нема да мора да оди на операција. Тоа е дефинитивната одлука на лекарскиот тим. Но, за жал, мора да потврдиме дека стручниот штаб најверојатно нема да може да смета на Де Бруин во следните три месеци“ – информираат од Манчестер сити.

Се вчитува...