Манчестер сити останува без Ерлинг Халанд!?

Иако Ерлинг Халанд неодамна го продолжи договорот со Манчестер сити на 9,5 години, „граѓаните“ во јун би можеле да останат без него!

Сити неодамна потпиша договор со Халанд до 2034 година, според кој Норвежанецот добива повеќе од 600.000 евра неделно. Клубот од „Етихад“ сериозно и си се обезбеди, бидејќи во договорот откупната клаузула може да биде активирана за сите клубови дури по 2029 година, но без да е позната нејзината висина.

Сепак, за Сити не е сè така идеално, затоа што постои еден проблематичен услов под кој Норвежанецот може да го напушти клубот. Според информациите од Островот, Халанд си обезбедил слобода доколку клубот не ја освои Лигата на шампионите следната година.

Доколку Сити не заврши меѓу четирите најдобри во Премиерлигата, а моментално е петти, Халанд има посебна клаузула во договорот која му овозможува да преговара со други клубови. Сити моментално има големи резултатски проблеми и пласманот во Лигата на шампионите не е загарантиран, па не е ниту останувањето на Халанд на „Етихад“.

Особен страв предизвикува судењето по 115 точки од обвинението за Манчестер сити, чиј исход треба да биде познат во март. Доколку на Сити му се одземат бодови или се соочи со уште построга казна, сигурно е дека тимот нема да игра во Лигата на шампионите следната сезона, што му ја отвора вратата на Халанд да го напушти „Етихад“.

Се вчитува...