Манчестер сити подготвува сензационален трансфер: Сака фудбалер од 120 милиони евра!?

Манчстер сити размислува за сензационален летен трансфер на играчот од средниот ред на Челси, Аргентинецот Енцо Фернандез. Сити бара засилувања во средниот ред и, иако Фернандез е клучен играч на „Стемфорд“, интересот на клубот од Манчестер би можел да ја тестира решителноста на Челси во претстојниот преоден рок.

Според „Атлетик“, Манчестер Сити се појави како изненадувачки кандидат за да го доведе играчот од средниот ред на Челси како дел од нивната летна реконструкција. Тој е на врвот на листата на желби составена од шефовите на клубот, кои се решени да додадат поголема контрола и динамика во тимот во средниот ред.

Со оглед на неодамнешните проблеми со повреди на клучни играчи како Родри, како и потврденото заминување на Бернардо Силва на крајот од сезоната, раководството на клубот од Етихад го гледа 25-годишниот Фернандез како играч способен да се прилагоди на тактичките барања на „граѓаните“.

Челси го исфрли, а потоа го врати во тимот

Фернандез имаше 48 настапи, 12 гола и шест асистенции оваа сезона. Тој го привлече вниманието на јавноста на почетокот на април, кога Челси го исфрли од тимот. Причината беше коментар по натпреварот со ПСЖ, кога беше прашан за неговата иднина, и тој наговести дека би сакал да игра за Реал.

„Не знам. Остануваат уште осум натпревари и ФА Купот. Исто така, тука е и Светското првенство, а потоа ќе видиме. Мислам дека би било убаво да се живее во Мадрид“, рече Фернандез, чија вредност се проценува на 90 милиони евра.

Минатата недела, „Телеграф“ исто така објави дека Фернандез постојано ги критикувал своите соиграчи за време на слабата серија резултати. Поради ова, неколку играчи биле крајно незадоволни, со оглед на тоа дека заедништвото е клучно на крајот од сезоната.

Тој се извини и неколку дена подоцна беше вратен во тимот.

Иако Фернандез е под договор со Челзи до 2032 година, извештаите сугерираат дека Сити е подготвен да ја истражи можноста за договор. Играчот од средниот ред е редовен член на првиот тим на Челси откако пристигна од Бенфика во 2023 година во трансфер вреден 121 милион евра, најголем во историјата на клубот и четврти најголем во историјата на Премиерлигата. Можноста да се бори за најголемите трофеи со Манчестер Сити може да се покаже како клучна.

Се вчитува...