Манчестер Сити сака Гвардиола уште долго да остане на „Итихад“

Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити сезонава ја загуби трката за шампионската титула со Ливерпул, но дојде убава вест од Лозана по одлуката на ЦАС дека „граѓаните“ сепак ќе можат да играат во Лигата на шампионите следната сезона. УЕФА го казни клубот поради непочитување на финансискиот фер-плеј, но, сепак, со добрата адвокатска поддршка Сити сепак се извлече. Ова значи дека клубот може да се посвети на формирање на тимот за следната сезона, а раководството сака да го задржи менаџерот Пеп Гвардиола уште долго на „Итихад“.

Челниците на Манчестер Сити подготвуваат нов договор за Гвардиола, според кој шпанскиот стратег би станал убедливо најплатениот фудбалски тренер во светот. Би оставиле отворен простор за Гвардиола самиот да одлучи уште колку години би сакал да биде на менаџерската позиција на тимот од синиот дел на Манчестер. Неговиот актуелен договор истекува на крајот од следната сезона.

Се вчитува...