Манчестер Сити се ослободи од непосакуваниот фудбалер

Калвин Филпс од Манчестер Сити преминува во редовите на Шефилд Јунајтед како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.

Премиерлигашите постигнаа договор за позајмица која нема обврска за купување на договорот по што англискиот фудбалер ќе се врати назад на „Етихад“.

Сега 30-годишникот го засили Манчестер Сити во 2022 година, но не успеа да се наметне во составот на Пеп Гвардиола поминувајќи две сезони на позајмици во Вест Хем Јунајтед и Ипсвич.

Се вчитува...