Манчестер Сити се жалеше, во јуни ќе дознае дали ќе може во ЛШ

Судот за Спортска Арбитража во Лозана ќе го разгледува случајот за суспензијата на Манчестер Сити во текот на следниот месец, беше објавено денеска откако англискиот првак поднесе жалба по казната на УЕФА за двогодишно отсуство од европските натпреварувања.

Дисциплинската Кимисија при УЕФА се реши жестоко да ги казни „граѓаните“ откако беа утврдени низа неправилности во нивното работење и кршење на правилата за финансиски ферплеј по неколку различни основи. Англискиот гигант од друга страна тврди дека ги почитувал правилата, а во жалбата до Судот во Лозана се поднесени бројни документи за слични случаи на други големи европски клубови, кои УЕФА ги смета за „нормално работење додека во случајот на Сити се карактеризира како „кршење на правилата“.

За жалбата на тимот на Пеп Гвардиола требаше да се дискутира во мај, но поради ширењето на коронавирусот седницата на Судот е презакажана за 8-10 јуни. Со оглед на фактот дека сезоната во Премиер-лигата би финиширала кон крајот на месец јули, веќе би било познато дали Сити ќе се бори за место во европските купови, или без оглед на пласманот нема да може да биде дел од ЛШ во наредната сезона.

Се вчитува...