Манчестер сити со рутински триумф стартуваше на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Манчестер сити убедливо стартуваше на Светското клупско првенство доаѓајќи до лесна победа од 2-0 против мароканскиот Видад во првото коло од Групата Г.

„Граѓаните“ победата ја најавија со два гола уште во првото полувреме.

Најпрво Фоден уште во 2. минута стрелаше за 1-0.

А, потоа во 42. минута, белгискиот репрезентативец Доку погоди за 2-0.


Во второто полувреме само рутински одиграно, за конечна победа.

Се вчитува...