Манчестер сити во финалето на Лига-купот на Англија

Манчестер сити очекувано го совлада Бартон и на вториот меч од полуфиналето во Лига – купот на Англија. По убедливите 9-0 на домашен терен, „граѓаните“ вечерва славеа со 0-1 на гости против Бартон. Стрелец на единствениот гол за тимот на Пеп Гвардиола беше Серхио Агуеро во 26.минута од натпреварот.

Манчестер сити во финалето ќе го очекува подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу Тотенхем и Челси.

Се вчитува...