Манчини: Ако играч како Тонали си оди од Италија, јасно е дека имаме проблем…

Стефано Тонали ги мина лекарските прегледи и во наредните денови ќе го комплетира трансферот од Милан во Њукасл, со што одличниот плејмејкер ќе стави крај на авантурата на „Сан Сиро“ што беше крунисана со освојувањето на шампионската титула пред две сезони.

Тонали важи за еден од најдобрите италијански фудбалери за врска, а селекторот Роберто Манчини во неговото заминување гледа причина за загриженост, севкупно за фудбалот на Апенинскиот полуостров.

„Ако гледаме од едната страна, ако играч како Тонали си оди од Италија, јасно е дека имаме проблем. Тој е еден од најдобрите на својата позиција, клучен играч на тим како што е Милан, а заминува во Њукасл… Сепак, од друга страна, верувам дека играњето во Премиер-лигата ќе му помогне да се усоврши на технички план, ќе го направи уште подобар играч“, изјави Манчини.

Се вчитува...