Манчини доаѓа во Зенит

Рускиот клуб Зенит го избра Роберто Манчини за наследник на Мирчеа Луческу, откако синоќа се раздели со романскиот стратег по лошата сезона. Раководството на клубот сака повторно италијански тренер на кормилото, со оглед дека имаше убав период кога Лучијано Спалети седеше на тренерската клупа, од 2009 до 2014 година.

За изборот на Манчини најмногу се заложи Сергеј Фурсенко, поранешниот спортски директор на Зенит, кој се враќа во клубот на претседателска функција по две години поминати во Фудбалската федерација на Русија.

Манчини треба да потпише тригодишен договор со клубот од Санкт Петербург, а ќе заработува 6 милиони евра по сезона.

Се вчитува...