Манчини го напушта Зенит и доаѓа на „Сан сиро“?

Италијанскиот стратег Роберто Манчини не е задоволен со животот во Русија и бара начин да се врати дома. Како што информира „Газета дело спорт“, тој влегол во преговори за да седне на клупата на Милан. Очигледно е дека и Џенаро Гатузо не може да го извлече тимот од криза, и раководството на клубот веќе бара други решенија. Се споменува дури и враќање на Монтела, но тоа секако би било лоша опција.

Манчини и Мирабели соработуваа и во Интер во минатото, релациите им се одлични, и можно е тој да пристигне на „Сан сиро“ по завршувањето на оваа сезона. Италијанецот има договор со Зенит до 2020 година, и заработува одлични 8 милиони евра по сезона, но многу често истакнува дека му недостига италијанскиот фудбал.

Се вчитува...