Манчини го откри списокот за дуелот со Македонија: Без Балотели, а со Жоао Педро

Роберто Манчини го соопшти списокот на Италија за престојните бараж дуели од плеј-офот за пласман на Светското првенство 2022 во Катар.

За полуфиналниот бараж дуел Манчини повика дури 33 фудбалери, меѓу кои и Жоао Педро од Каљари. И покрај тоа што се најавуваше кам-бек и за Марио Балотели, сепак го нема на списокот фудбалери.

Италија ќе игра против Македонија на 24. март од 20:45 часот на „Ренцо Барбера“ во Палермо. Подобриот од овој натпревар во финалето за конечен пат во Катар ќе се соочи со подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу Португалија и Турција.

СПИСОКОТ НА ИТАЛИЈА ЗА БАРАЖОТ СО МАКЕДОНИЈА

ГОЛМАНИ: Донарума (ПСЖ), Сиригу (Џенова), Крањо (Каљари), Голини (Тотенхем)

ОДБРАНА: Бонучи (Јувентус), Бираги (Фиорентина), Бастони (Интер), Ди Лоренцо (Наполи), Кјелини (Јувентус), Емерсон (Лион), Флоренци (Милан), Луис Фелипе (Лацио), Ачерби (Лацио), Манчини (Рома)

СРЕДЕН РЕД: Кристанте (Рома), Жоржињо (Челси), Локатели (Јувентус), Песина (Аталанта), Сенси (Сампдорија), Верати (ПСЖ), Тонали (Милан), Барела (Интер), Пелегрини (Рома)

НАПАД: Белоти (Торино), Берарди (Сасуоло), Имобиле (Лацио), Инсиње (Наполи), Жоао Педро (Каљари), Распадори (Сасуоло), Политано (Наполи), Скамача (Сасуоло), Заниоло (Рома), Закањи (Лацио)

Се вчитува...