Манчини има само една дилема со составот за Македонија

Италијанскиот селектор Роберто Манчини се уште не го објавил списокот на играчи за бараж-дуелот со Македонија, што ќе се игра на 24 март во Палермо.

Според весникот „Газета дело спорт“, Манчини се уште тактизира бидејќи не донел одлука за петтиот напаѓач што ќе го има на располагање за мечот со Македонија. Според овие информации, сигурни на списокот се Имобиле како лидер на нападот и Белоти од Торино и Скамака од Сасуоло како резервни опции. Италијанскиот селектор сигурно ќе го повика и Распадори од Сасуоло, кој може да одговори на неколку различни позиции во играта во нападот.

Манчини се уште не може да пресече дали за мечот со Македонија да го повика Марио Балотели, кого го врати на јануарскиот репрезентативен собир, или пак Жоао Педро, кој доби италијански пасош, но нема премногу шанси за докажување во дресот на „аѕурите“.

Се вчитува...