Манчини имал двоен „дил“ со Манчестер Сити

Манчестер Сити го плаќал Роберто Манчини за менaџерската работа преку два договора. Едниот договор на италијанскиот тренер бил со клубот во вредност од 1.45 милиони фунти, додека вториот со Ал Џезира и преку него добивал 1.75 милиони фунти. Оваа сума му била исплаќана преку офшор компанија.

Ова е најновото oбвинување на сметка на актуелниот англиски фудбалски шампион кое доаѓа од „Football Leaks“, а се однесува на начините преку кои Сити ја заобиколкувал регулативата на Финансискиот фер-плеј.

Според вториот договор преку кој добивал екстра пари, Манчини бил консултант на Ал Џезира Спорт. Компанијата Ал Џезира е во сопственост на Шеикот Мансур кој го поседува и Манчестер Сити. Роберто Манчини го предводеше клубот до првата премиерлигашка титула во 2012 година. Замина во 2013, минатото лето стана селектор на Италија.

Манчестер Сити во 2014 беше казнет за прекршување на Финансискиот фер-плеј. ОД клубот нема реакција за последното обвинување, претходно од Сити кратко коментираа дека обвинувањата се „јасен и организиран“ обид да се урниса репутацијата на клубот.

 

Се вчитува...