Манчини ја преболи Македонија: Италија ќе биде светски првак со мене како селектор!

Селекторот на Италија, Роберто Манчини, пред точно една година, на 11-ти јули 2021, беше еден од фудбалските и спортски херои во својата земја откако успеа да го освои Европското првенство.

Италијанците веруваа дека се толку силни што може да станат и светски шампиони, но по дебакалот во Палермо и поразот од Македонија, „Аѕурите“ не се ни пласираа на Мундијалот во Катар, па следната шанса ќе ја чекаат во 2026 година.

„Кога станав селектор, имав две цели … да станеме европски и светски прваци. Пред една година го освоив пехарот на ЕП, и си реков сега одам по титула на Мундијал. Мислев дека годинава можеме да бидеме светски шампиони, но тоа нема да се случи. И понатаму верувам дека Италија со мене како селектор, ќе стане светски шампион“, изјави Манчини.

Се вчитува...