Манчини мора да менува за Македонија: Отпадна првотимец на Наполи, замената пристигна од Јувентус

Италијанскиот селектор Роберто Манчини се соочи со нов проблем на само пет дена до бараж-дуелот со Македонија, откако „аѕурите“ по вчерашниот дуел меѓу Наполи и Удинезе останаа без уште еден фудбалер.

Станува збор за десниот бек Ди Лоренцо, кој беше дел од плановите на Манчини и за првите единаесетмина против Македонија, но овој дефанзивец се повреди на последниот дуел на „наполитанците“ и веднаш стана јасно дека нема да може да настапи в четврток во Палермо.

Италијанците веднаш доведоа замена, бекот на Јувентус, Матео Де Шилјо, кој утре ќе се појави на прозивката на Манчини. Де Шилјо не беше најстандарден во таборот на Јуве на стартот од сезонава, но во последно време тој се почесто добива шанса од тренерот Алегри. Овој фудбалер беше асистент при погодокот на Влаховиќ на денешната победа од 2-0 на дуелот со Салернитана.

Се вчитува...