Манчини: Тешка ждрепка за нас, Македонија воопшто не е наивен противник

Актуелниот европски шампион Италија против Македонија во полуфиналниот бараж-дуел за пласман на Светското првенство 2022 во Катар.

Во првата реакција, италијанскиот селектор Роберто Манчини по денешната ждрепка во Цирих нагласува дека добиле најтешка можна ждрепка, притоа нагласувајќи дека тука како тежок противник ја смета и Македонија.

„Ова е тешка ждрепка за нас. Португалија може да ни биде на патот, но секако мора прво да ја минеме и Македонија која воопшто не е наивен противник. Ќе биде тежок меч во полуфиналето, но има време до март добро да се подготвиме за овој бараж“ – истакна Манчини.

Се вчитува...