Манчини: Во Италија би ги „убиле“ Покетино и Клоп

Селекторот на италијанската репрезентациј Роберто Манчини смета дека Маурисио Покетино и Јирген Клоп нема шанси да издржат толку долго во клуб без освоен трофеј, доколку се во италијанското првенство. Покетино го води Тотенхем од 2014, а Клоп Ливерпул од 2015, и ниту едниот ниту другиот не успеаја да освојат трофеј иако имаат голема поддршка од раководството.

„Имаат среќа што работат во Англија. Во Италија нема да добијат шанса, ако не освојуваат трофеи. Кај нас работите се преувеличуваат. Да го земеме на пример Покетино. Работи пет години во Тотенхем, има одличен тим, а ништо не освои. Во Италија, би го „убиле“ поради тоа. Истото важи и за Клоп“, вели Манчини. 

Манчини го предводеше Манчестер сити од 2009 до 2013 година, а со клубот од „Етихад“ ја освои Премиерлигата во сезоната 2011/2012.

Се вчитува...