Мандалиниќ: Се бориме со лоши периоди, никој не смее да го отпише Еурофарм Пелистер

Стипе Мандалиниќ во Битола пристигна како огромно засилување од германскиот бундеслигаш Фуксе Берлин и досега си ја врши својата улога. Хрватскиот бек веднаш се навикна на Македонија, а за тоа говореше и во интервју за СЕХА.

Во однос на „зелено-белите“ Мандалиниќ вели дека Еурофарм Пелситер има простор за напредок, но никој не смее да го отпише тимот, нешто што пелистерци го докажаа оваа сезона.

„Одлучив да дојдам во Битола и засега тоа се покажува како мојот вистински избор. Се работи за мирен град каде сите го сакаат ракометот, клубот и историјата. Има различен менталитет од оној во Германија и сметам дека имаме одличен тим во Еурофарм Пелистер. Одбраната е наше најсилно оружје, додека во нападот треба да работиме. Како и да е, ние сме добар колектив. На пример дојдовме до голем бод кај Шафхаузен во Европската лига и покажавме дека никој не смее да не отпишува дури и кога губиме. Се бориме со некои лоши периоди на натпреварите, тоа е нешто на кое мора да поработиме“, вели Мандалиниќ.

Се вчитува...