Мандалиниќ во Пелистер, во топ-листата од трансфери во Лигата на Европа

Преселбата на Стипе Мандалиниќ од Фуксе Берлин во Пелистер се најде на рангирањето на ЕХФ за најдобри десет трансфери во Лигата на Европа. Хрватскиот „бомбардер“ е најзвучното име што летово пристигна во Битола и нема сомнеж дека ќе биде главен адут на тренерот Бабиќ во претстојните европски битки.

„Откако беше отпуштен од Фуксе Берлин за време на здравствената криза, Стипе Мандалиниќ реши да тргне по пат што е помалку трнлив од Бундес-лигата и се приклучи на новиот проект на Пелистер. Овој 27-годишен лев бек имаше моменти на брилијантност низ годините, но никогаш не оствари константност во формата. Ова му е одлична шанса да експресно да стане херој во Битола, нема да треба да мине многу време за да висиме дали овој трансфер е исплатлив и за двете страни“, се вели во анализата на ЕХФ, каде трансферот на Мандалиниќ е рангиран како седми во Лигата на Европа.

Најдобар трансфер во ЛЕ според ова рангирање е оној на Мортен Олсен од Хановер во ГОГ, пред преселбата на Лукас Нилсон од Кил во Рајн-Некар Левен и Ласе Андерсон, кој пристигна во Фуксе Берлин од таборот на Барселона. Четвртото место му припадна на ветеранот Агинагалде и неговиот трансфер од Киелце во Бидасоа, пред Алексис Боргеш, кој го напушти Порто и се пресели во Монпелје и Тимо Кастенинг, кој од Хановер се пресели во Мелсунген.

Мандалиниќ е седми на оваа ранг-листа, а во Топ 10 рангирањето се наоѓаат уште и Рене Тофт Хансен (Бенфика во Силкеборг), Омар Магнусон (Алборг во Магдебург) и словенечкиот ветеран Вид Кавтичник, кој го напушти француски Аикс и потпиша за Ним.

Се вчитува...