Мандалиниќ: Здраво, Чкембари… тргнуваме по титули

Ангажманот на Стипе Мандалиниќ со право го крена оптимизмот во таборот на Пелистер, откако хрватскиот „бомбардер“ по заминувањето од Фуксе Берлин го избра токму амбициозниот проект од Битола за следна станица во кариерата.

Тој не крие дека е мотивиран не само за добри партии, туку и за освојување на трофеи во дресот на „пелистерци“.

„Здраво, Чкембари. Официјално се е готово, јас сум нов играч на РК Пелистер. Се гледаме наскоро и тргнуваме во поход на титули“, гласи првата порака на Стипе Мандалиниќ како член на Пелистер.

Се вчитува...