Манџукиќ бира меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд

Хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ е на излезна врата од Јувентус, а откако му пропадна трансферот во Манчестер Јунајтед, како главни фаворити за неговиот потпис се Пари Сен Жермен и Борусија Дортмунд.

Францускиот шампион се уште има проблеми со Нејмар, кој сака да замине од клубот, а Марио Манџукиќ со своето искуство и шампионски менталитет одлично би се вклопил во тимот. Од друга страна Борусија Дортмунд, сака да го доведе во своите редови, бидејќи Хрватот знае како се освојуваат трофеи во Германија, каде настапуваше за Волфзбург и Баерн Минхен.

Се вчитува...