Манџукиќ е решение за проблемите на ПСЖ?

ПСЖ се наоѓа во небрано откако по мечот со Тулуз остана без Единсон Кавани и Килијан Мбапе, па „светците“ се принудени да реагираат и експресно да доведат нов голгетер. Изборот е паднат врз Марио Манџукиќ, до кого веќе е испратена и понуда за преселба на „Паркот на принцовите“.

Хрватот е разочаран што во Јувентус веќе воопшто не се смета на неговите услуги и сака да си замине, но се сомнева дека трансфер во ПСЖ е вистински потег за него. Имено, „Супер Марио“ има на маса богати понуди од Кина за плата двојно повисока од онаа што му ја нуди францускиот првак, па затоа сериозно размислува да остане во Јуве до јануари, а потоа да се пресели на „Далечниот Исток“.

Челниците на ПСЖ се обидуваат да го променат ставот на искусниот голгетер, кој дефинитивно би им бил од помош и откако Мбапе и Кавани ќе се вратат по повредите. Паралелно со Манџукиќ, „светците“ преговараат и со неговиот соиграч Пауло Дибала, во кого гледаат идеален наследник на Нејмар.

Се вчитува...