Манџукиќ го стопирал трансферот кога видел каде тренира неговиот нов клуб

По одлуката за заминување од Јувентус, се беше договорен за преселба на Марио Манџукиќ во Катар. Од три катарски клуба кои искажаа интерес за неговите услоги Манџукиќ го одбра Ал Рајан.

Но, сето тоа сега е стопирано. Како што пренесуваат италијанските медиуми, Манџукиќ го стопирал трансферот откако видел каде ќе тренира и ќе игра ако потпише за Ал Рајан.

Клубот во моментов интензивно работи на подобрување на инфраструктурата, но Манџукиќ се разочарал кога видел каде тренираат играчите во моментов. Иако договорил 7,5 милиони евра годишна плата, Хрватот се уште не е 100% одлучен да го напушти Јувентус.

Се вчитува...