Манџукиќ има „дил“ со Јунајтед, се чека да дојде јануари

Манчестер Јунајтед е клубот во кој Марио Манџукиќ сака да ја продолжи кариерата, откако хрватскиот голгетер ги договорил и личните услови со најтрофејниот англиски фудбалски колектив за јануарски трансфер. „Ѓаволите“ се интересираа за Хрватот и пред крајот на летниот преоден рок, тогаш Јувентус бараше 15 милиони евра, но цената на „Супер Марио“ падна откако тренерот Сари реши да го пресели на трибините на сите досегашни средби сезонава.

Јуве сега најави дека ќе бара 10 милиони евра во јануари, сума што Манчестер Јунајтед е подготвен да ја плати за да го засили нападот. Овој дел од тимот на Солскјер беше најсериозно ослабен со заминувањата на Лукаку и на Алексис Санчез, па јасно е дека Манџукиќ ќе биде значаен адут во обид Јунајтед да се врати на победнички патеки.

Се чека само да дојде 2020 година, за на самиот почеток од јануарскиот преоден рок трансферот да биде комплетиран, по што хрватскиот интернационалец по Германија, Шпанија и Италија ќе се испроба и во најсилната англиска фудбалска лига.

Се вчитува...