Манџукиќ ја одби Севилја, на пат е кон Баерн Минхен

Јувентус во Лигата на шампионите нема да смета на Марио Манџукиќ, Марко Пјаца, Матио Перина, Лука Пелегрини, Даниеле Ругани и Сами Кедира, пренесуваат италијанските медиуми.

Сето тоа навестува и заминување на Манџукиќ од клубот, посебно по доаѓањето на Маурицио Сари. Севилја е последната во низата клубови кои покажуваат интерес за 33-годишниот хрватски напаѓач, но Манџукиќ категорично ја одбил таа можност.

Како што пишуваат Италијанците, Манџукиќ одбивајќи ја Севилја порачал дека единствениот клуб во кој што сака да замине е Баерн Минхен каде настапуваше и претходно. Баварците сакаат да го доведат Манџукиќ во своите редови на ист начин како и Перишиќ од Интер, на едногодишна позајмица со можност за откуп на договорот.

Се вчитува...