Манџукиќ кажа „ДА“, се сели во Катар

Марио Манџукиќ е подготвен за разделба од Јувентус откако го загуби првотимскиот статус кај Маурицио Сари, а следна дестинација на Хрватот ќе биде Катар. Ал Гарафа ќе биде новиот клуб на „Супер Марио“, откако Манџукиќ ја прифатил богатата понуда за тригодишна соработка со овој катарски суперлигаш.

Искусниот 33-годишен голгетер ќе заработува шест милиони евра по сезона во следните три години, додека Јувентус ќе заработи 10 милиони евра од продажбата на хрватскиот репрезентативец. Трансферот ќе биде комплетиран до крајот на месецов, по што Сари ќе се ослободи од еден од двајцата прекубројни напаѓачи.

Вториот е Пауло Дибала, кој исто така беше поврзуван со заминување во текот на летово, но реши да остане во Јувентус одбивајќи неколку богати понуди.

Се вчитува...