Хрватскиот напаѓач од редовите на Јувентус, Марио Манџукиќ, ќе остане во тимот и покрај интересот од неколку клубови, пренесува „Тутоспорт“.
Имено, стратегот на „старата дама“, Масимилијано Алегри, бил воодушевен од залагањето на Манџукиќ на дуелот против Лацио и побарал тој да остане во Јувентус по секоја цена. За Хрватот интерес постоеше од неколку кинески клубови, но очигледно е дека сето тоа пропаѓа во вода.
Хрватскиот репрезентативец го носи дресот на „бјанконерите“ од 2015 година, а претходно настапуваше во Атлетико Мадрид, Волфсбург, Баерн Минхен, Динамо Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА