Манџукиќ на лицитација, одредена почетната цена

Марио Манџукиќ донесе одлука во летниот преоден рок да остане во Јувентус и да се бори за првотимски статус, но очигледно погреши. Тој не само што не е стартер, туку не се наоѓа ниту на клупата за резерви, како јасна порака од тренерот Сари дека Хрватот мора што поскоро да си замине од таборот на италијанскиот првак.

Планираниот трансфер во Катар пропадна пред крајот на септември, но Јуве се подготвува да го продаде „Супер Марио“ на самиот почеток од јануари, веќе објавувајќи ја и почетната цена во „лицитацијата“ за Хрватот. Десет милиони евра е сумата под која Јувентус нема да преговара со заинтересираните клубови, но се очекува „црно-белите“ да заработат и некој милион „плус“ со оглед на најавениот интерес од бројни екипи.

Манчестер Јунајтед е најзвучното име што сака да го ангажира Манџукиќ, понуда најавува и Тотенхем, како и богати клубови од Кина и од САД, така што трката по искусниот хрватски голгетер дефинитивно ќе биде интересна.

Се вчитува...