Манџукиќ на прашање за Роналдо: Ама ич не ми е гајле сега за тоа!

Хрватската денеска ја очекува најголемиот предизвик во нејзината спортска историја – финале на светско фудбалско првенство!

Пред големото финале во фокусот на медиумите и Марио Манџукиќ кого, покрај прашањата за Мундијалот 2018, не го избегна и она за коментар за доаѓањето на Кристијано Роналдо во Јувентус.

„Не ми е гајле за тоа. Победата против Англија е моето најголемо достигнување досега, сега се насочувам само на финалето на СП“ – јасен беше популарниот „Супер Марио“ оставајќи ги по малку вчудоневидени дел од медиумите во Русија.

Манџукиќ ова лето се поврзуваше со Манчестер јунајтед, но Масимилијано Алегри истакна дека тој сигурно останува во Торино.

Се вчитува...