Манџукиќ останува во Јуве до 2020, избра и каде ќе се пресели

Марио Манџукиќ ќе остане во Јувентус до крајот на годинава и ќе чека да се отвори јануарскиот преоден рок за да се пресели во друга европска екипа. Иако постоеше можност тој да се пресели во далечниот Катар, финансиските услови беа речиси договорени, но „Супер Марио“ во последен момент се премисли и реши да ги одби милионите од оваа земја.

Весникот „Тутоспорт“, кој вообичаено е најдобро упатен за случувањата во Јувентус, тврди дека Манџукиќ веќе ја избрал и својата следна дестинација – англиската Премиер-лига. Тој веќе има со успех настапувано во Ла Лига, во Бундес-лигата и во „Серија А“, па на 33-годишна возраст сака да се испроба и во највозбудливата лига во Европа. Во текот на летниот преоден рок беше споменуван трансфер во Манчестер Јунајтед кој не се реализираше, но се очекува „црвените ѓаволи“ да се вратат со понуда од 10 милиони евра и на почетокот од зимскиот преоден рок.

Во меѓувреме, како казна за одбиените трансфери во текот на летото, но и овој последниот во Катар, Хрватот воопшто не е дел од плановите на Маурицио Сари. Тој не се наоѓа ниту на клупата за резерви, па дури и за денешниот меч со Бреша на кој тренерот на Јувентус не може да смета на Кристијано Роналдо.

Се вчитува...