Манџукиќ потпиша нов договор – плата од 4,5 милиони евра

Марио Манџукиќ ги отстрани сите дилеми околу својата иднина договарајќи ги условите за продолжување на соработката со Јувентус. Актуелниот договор на Манџукиќ истекува во јуни 2020 година, а со новиот договор Хрватот ќе остане член на „старата дама“ една година подолго.

Весникот „Тутоспорт“ повикувајќи се на извори од највисокиот врв на Јувентус објави дека се договорени сите детали, па платата на хрватскиот голгетер ќе порасне на 4,5 милиони евра по сезона, плус бонуси.

Официјализацијата на новиот договор се очекува да се случи на самиот почеток од следната седмица, во пресрет на реванш натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Атлетико Мадрид.

Се вчитува...