Мане: Бев пред потпис со Јунајтед кога ми заѕвони телефонот, и…

Садио Мане пред вечерашното финале од Лигата на шампионите призна дека бил договорен веќе да потпиша со Манчестер јунајтед која се случил еден телефонски повик кој го однел во Ливерпул.

Во јуни 2016 година Мане од Саутемптон се пресели во Ливерпул за 30 милиони фунти. Сенегалецот тогаш потпиша петгодишен договор кој подоцна го продолжи. Иако беше веќе до Јунајтед на крајот го одбра „Енфилд“, и се чини дека воопшто не погреши.

„Се сретнав со луѓето од Јунајтед и веќе речиси бев договорен. Потоа разговорав и со тренерот на Јунајтед и требаше да следи само потписот. Но, тогаш се случи еден телефонски повик. Од другата страна на жицата беше Јирген Клоп и се сеќавам воопшто не размислував. Само му реков: ‘Доаѓам во Ливерпул, затоа што тоа е баш еден секси клуб” – раскажува Мане кој потенцира дека сака да остане во клубот и следната сезона и покрај огромниот интерес од неколку клубови.

Англиските медиуми тврдат дека Ливерпул е подготвен да го продаде за најмалку 200 милиони евра, но засега приоритет на „црвените“ е да го задржат барем уште една сезона.

Се вчитува...