„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Мане сега е пред легендарниот Џерард

Со вчерашниот гол против Бенфика, играчот на Ливерпул Садио Мане се најде на второто место меѓу најдобрите стрелци на „црвените“ во Лигата на шампионите. Сенегалецот погоди во 34. минута, и тоа беше гол број 22. во Лигата на шампионите.

Мане со тоа го престигна легендарниот Стивен Џерард кој имаше 21. гол. Прв на оваа вечна листа е Мохамед Салах кој има 33 постигнати голови во најелитното европско натпреварување за Ливерпул.

Синоќа Ливерпул со 1-3 ја совлада Бенфика, и се стекна со добра предност пред реваншот на „Енфилд“, и се доближи до полуфиналето во Лигата на шампионите.

Се вчитува...