Мане испрати 300 дресови од Ливерпул во родното село во Сенегал

Триста дресови на Ливерпул пристигнаа во малото село Бамбали во Сенегал во пресрет на финалната пресметка од фудбалската Лига на шампионите. Најпознатиот жител на ова местенце, Садио Мане, им ги испрати дресовите на неговите најверни поддржувачи.

Комплетно ќе го исполни ветувањето што им го дал на најблиските пријатели ако освои титула во ЛШ, но притоа да не им приредува стресови како оној кога Ливерпул се враќаше по негатива од 0-3. Токму тоа драматично финале, пред половина од неговиот досегашен живот, Мане го гледал во родното село. Тој низ смеа се присетува на случката од пред 13 години, кога негов пријател не можејки да го издржи притисокот, си излегол при резултат 3-3 и се вратил дури кога Ливерпул победи.

Сите во Бамбали утре ќе бидат со Мане, херојот од селцето кој стана глобална ѕвезда. Неговиот Ливерпул се соочува со најтрофејниот клуб во елитното натпреварување за тронот на Европа, тимот на Реал Мадрид.

Се вчитува...