Мане: Кога Баерн ќе игра во Сенегал ќе биде празник

Садио Мане ја промени средината и од следната сезона ќе натапува за германскиот шампион, Баерн Минхен, откако летово го напушти Ливерпул и „Енфилд роуд“, откако со премиер-лигашот успеа да ги освои сите можни трофеи.

Тој за клупскиот сајт даде изјава во која вели дека секој меч на Баерн Минхен следната сезона ќе биде празник во неговиот роден Сенегал.

„Кога Баерн ќе има натпревар, никој нема да работи во Сенегал. Тој ден ќе биде како празник“, изјави Мане. 

Се вчитува...