Мане му донесе триумф на Ливерпул

Ливерпул ја оствари првата победа во новиот шампионат на Премиер – лигата, откако на „Енфилд Роуд“ го совлада Кристал Палас со 1-0. Стрелец на победничкиот погодок беше Садио Мане во 73.минута, кога одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и ги совлада голманот на Кристал Палас.

Sadio Mané Goal Liverpool 1-0 Crystal Palce… by ZidaneHD

Триумф на домашен терен оствари и Лестер, победувајќи го Брајтон со 2-0. Оказаки и Мегвајер стрелаа во мрежата на гостите на овој меч.

Интересен меч се одигра во Саутемптон, каде домашниот тим дојде до победа од 3-2 над Вест Хем со гол од пенал во последните моменти. Чарли Остин беше успешен реализатор на победничкиот гол од белата точка. Габијадини го отвори резултатот за Саутемптон, на 2-0 зголеми Тадиќ исто така од пенал, а Вест Хем остана со играч помалку по исклучувањето на Арнаутовиќ. Но, Чичарито со два гола успеа да донесе израмнување (2-2), се до самиот финиш, кога Саутемптон победи со гол од пенал.

Резултати Англија: Лестер – Брајтон 2-0, Бурнемаут – Ватфорд 0-2, Ливерпул – Кристал Палас 1-0, Барнли – ВБА 0-1, Саутемптон – Вест Хем 3-2, Свонси – Манчестер ј. 0-4.

Се вчитува...